На 08.01.2021 година во 20 часот, во близина на бензиска пумпа на магистралниот пат Охрид-Кичево, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(19) излетал од патот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
– Притоа, со телесни повреди се здобиле сопатниците во автомобилот Е.П.(19) и Џ.Ј.(19), двајцата од Охрид, истакна Димоски.
Увид извршија полициски екипи.
Please follow and like us: