На 09.01.2021 во 21 часот, при контрола на угостителски објект во населба „Св.Стефан“ во Охрид, извршена од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18 часот и биле затекнати пет лица, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
– Околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир, истакна Димоски.
Од Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
Please follow and like us: