Казнети 52 возачи во Охрид, возеле со брзина поголема од дозволената

Охрид

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (09.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од МВР.

Додаваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Please follow and like us:
Tagged