Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Македонија се заразиле 86.494 лица

Македонија

Во земјава во деноноќието меѓу сабота и недела беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот број на активни случаи изнесува 16.419.

Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86.494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Please follow and like us:
Tagged