Тодоров во 2017 договарал широка влада, го праша ли членството за тоа?

Македонија

Денеска за настаните од 27 април сведочеше и Никола Тодоров, кој истакна дека обавувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство.

За тој ден истакна дека ништо не навестувало дека тоа ќе се случи, туку дека денот во Собранието ќе заврши во 18 часот.

Но, по 18 часот ДУИ и СДСМ на нестандарден начин избраа претседател на Собранието. Нашата пратеничка група ја пееше химната и со ништо не го попречи изборот на претседател на Собранието. Никој од нас немаше информација дека тоа ќе се случи. Таква информација немаа ни пратениците од СДСМ, туку дека седницата ќе заврши во 18 часот, објасни Тодоров.

Тој е убеден дека инцидентите не му одговараа на ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата ќе имаше бенефит од таквиот начин на избор на Џафери.

Од овој настан физички жртви имаше СДСМ, а ВМРО- ДПМНЕ имаше политички жртви и изгуби од 70.000 до 100.000 гласови, рече Тодоров.

Тој за прв пат во јавноста откри дека имало и разговори за широка коалиција.

– Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО, напомена поранешниот министер за здравство.

Please follow and like us:
Tagged