ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Власта и Заев ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем, но докажаа дека не знаат како треба

Охрид

Власта и Зоран Заев ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем, но докажаа дека не знаат како треба, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во денешниот допис до медиумите.

Тие го повикуваат Заев да дојде на истото место од каде што ветуваше целосна грижа да ја види лошата состојба на колекторот.

– Пред повеќе од 4 години вети целосна реконструкција на колекторскиот систем, а денес имаме повторно фекалии, ново ЈП за вдомување на партиски вработувања и нови повисоки сметки за граѓаните. Со тоа што доцни санацијата уште по првиот дожд фекалии и непречистени води завршија директно во Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото. Власта воопшто не се интересира за заштита на животната средина и Охридското Езеро, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Please follow and like us:
Tagged