Анкета: 44,5 отсто од граѓаните во Македонија би примиле вакцина против Ковид-19

Македонија

Вкупно 44,5 отсто од граѓаните во Македонија би примиле вакцина против Ковид-19, покажа телефонската анкета што ја спровел Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА.

Анкетата е спроведена во период од 21 до 25 декември 2020 година.

На прашањето: Дали би примиле вакцина против ковид-19?, 44,5 отсто одговориле позитивно, 39,9 проценти не сакаат да примат вакцина, 14,7 отсто одговориле „ќе почекам“, а немале одговор 0,9 проценти.

Анкетата е спроведена врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

Please follow and like us:
Tagged