Бочварски за Охрид и УНЕСКО: Ако веќе граѓаните го гласале градоначалникот, треба да работи и да ги решава проблемите

Охрид

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече вчера министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност.

Доколку оваа изјава на Бочварски се анализра подлабоко може да се сфати како индиректно обвинување кон градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески за лошиот извештај на УНЕСКО.

– Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни,  за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на УНЕСКО, истакна Бочварски, со што на некој начин вината ја насочи кон Георгиески.

И други познавачи на состојбите за ваквиот извештај како директни виновници ги посочија градоначалникот Константин Георгиески, премиерот Зоран Заев и власта на СДСМ.

Општина Охрид пак во допис до медиумите се правдаше дека презеле низа мерки за подобрување на состојбата, а како конкретен пример ги имаше наведено отстранувањето на билбордите и палмите, што наиде на негативни реакции од јавноста, бидејќи справувањето со дивоградбите која е една од клучните препораки речиси и воопшто да не е реализирана, освен неколкуте „спектакуларни“ акции за ПР во медиумите и пред граѓаните.

За потсетување деновиве Охрид го доби најлошиот извештај од УНЕСКО, кој препорачува градот да се најде на листата на загрозени подрачја.

Please follow and like us:
Tagged