(ВИДЕО) Славеле Православна нова година, полицајци им влегле да им пишат казни, заработиле боксови!

Свет

Во српскиот град Крушевац полицијата добила информација за прослава на Православната нова година во семејна куќа во селото, а се слушала и гласна музика. Еден од гостите успеал и да го документира тој момент, при што направил видео. На видеото се гледа како на веселбата има 12 луѓе, од кои дури 4 се музичари.

Сопственикот на куќата не сакал да ја прекине забавата, напротив, се обидел да ја избрка полицијата од својата куќа.

Откако тие решиле да постапат според закон, настанала мешаница и летале боксови на сите страни.

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца од присутните се уапсени, и ќе добијат кривични пријави за напад на службено лице.

Please follow and like us:
Tagged