Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка

Регион

На 16.01.2021 во 20.04 часот во ОВР Струга, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged