Десетте најбогати луѓе на светот лесно можат да купат вакцини за сите на планетата

Свет

Податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“, покажуваат дека десетте најбогати луѓе на светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата.

Нивното вкупно богатство за време на пандемијата на корона вирусот се зголеми за 540 милијарди долари и сега изнесува 11,95 билиони долари, се наведува во извештајот на организацијата под името „Вирус на нееднаквост“.

Истражувачите на „Оксфам“ пресметале дека тие пари се доволно за да се спречи пад во сиромаштија на речиси секој поединец за време на пандемијата, како и да им се обезбеди вакцина против корона вирусот.

Меѓу 10. најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на „Амазон”, Џеф Безос, сопственикот на „Тесла”, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг.

Please follow and like us:
Tagged