Брестовац не е повеќе селектор на машката ракометна репрезентација

Спорт

По очајниот настап на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија на Мундијалот во Египет, селекторот Данило Брестовац и РФМ се договорија за прекин на соработката.

Ракометната федерација на Македонија со соопштение објавено на својата официјална интернет страница ја информираше јавноста дека ја завршила соработката со селекторот данило Брестовац.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, се вели во соопштението на РФМ.

Please follow and like us:
Tagged