Охриѓанец заврши во затвор откако нападнал полицаец

Охрид

На 26.01.2021 година на улицата „Амас Емин“ во Охрид, Н.У.(45) од Охрид, физички нападнал полициски службеник, кој на улицата преземал службени дејствија, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Тој e приведен во СВР Охрид и по одредена мерка притвор e спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged