Донев: За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, но има за нови 32 партиски вработувања

Охрид

Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра на годишно ниво. Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.

За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува. Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци, рече Донев.

Тој ги повика советниците да не го поддржат предлогот на Георгиески, да застанат во одбрана на интересите на граѓаните кои ги гласале.

Please follow and like us:
Tagged