Временска прогноза: Со какво време го испраќаме Јануари, а со какво го дочекуваме Февруари?

Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.

Please follow and like us:
Tagged