Советот даде зелено светло за нови 32 вработувања во општина Охрид

Охрид

Владејачкото мнозинство во Советот на општина Охрид, предводено од СДСМ, денеска го изгласа предлогот на градоначалникот Константин Георгиески за нови 32 вработувања во општината.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот однос на градоначалникот го нарекоа крајно потценувачки и срамен, бидејќи во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид, се реализираат нови вработувања кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра на годишно ниво

– За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува. Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци, посочија од партијата.

Please follow and like us:
Tagged