Истражување: Излекуваните пациенти од Ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци

Свет

Повеќето пациенти со коронавирус создаваат антитела кои ги штитат од повторно заразување најмалку шест месеци, покажуваат резултатите од најновото истражување, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

За време на истражувањето се собрани примероци од крв од над 20.200 Британци во периодот меѓу јуни и ноември 2020 година. Откриено е дека 99 отсто од оние кои биле позитивни на коронавирус имале развиено антитела за најмалку три месеци, а 88 проценти за шест месеци заштита.

Околу една четвртина од оние со позитивен тест (24 отсто) немале никакви симптоми, додека 40 проценти немале класични симптоми како што се температура, постојана сува кашлица или губење на вкус и мирис.

Анализата на примероците од крв открива дека антителата се зголемиле од 6,6 отсто на почетокот на истражувањето на 8,8 проценти на крајот од студијата. Но, сликата е различна во различни региони. Во Шкотска, тој процент изнесува 5,5 отсто, наспроти 12,4 отсто во Лондон. Откриено е дека најпогодени се црномурестите и азијците. Во првата група, антитела биле откриени во 16,3 проценти, а во втората – во 13,9 отсто. Процентот кај белците со антитела е 8,5 проценти.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged