Поднесена пријава за узурпацијата на езерскиот брег кај Сараиште

Охрид

Во Охрид не се чува заштитеното со закон свeтско и културно наследство, односно се гради на диво и се узурпира и самото езеро, велат загрижени граѓани кои се обратија до нашата редакција. Според нив во срцето на старото градско јадро, на местото Сараиште, извршена е узрпација и бесправна градба на бетонски ѕидови и платформи на јавна површина, езерскиот брег и во самото езеро.

„Ова подрачје е заштитено со закон и прогласено за светско културно наследство. Ваквата узурпација и градба ја направил жител кој живе во куќа до овој дел од Сараиште, кој бесправно го узурпирал, уништил и оградил. Целта на ваквиот вандализам, односно кривично правен акт е стекнување на сопственост на можеби најатрактивно земјиште на обалата во Охрид“, напоменуваат граѓаните и додаваат дека за сето ова што го прави има силна подршка од лица од секторот за урбанизам во општината кој му помагаат за вршење и заштита на овие дела.

„Институциите како што се градежни испектори, државен правобранител, локална власт, СВР Охрид, не постапуваат за да го заштитат, спречат и санкционираат ваквото узурпирање и градење на брегот на Охридското Езеро, и покрај поднесените жалби, пријави, преставки до сите институции“, нагласуваат загрижените граѓани кои се обратија до нас, а се жители во близина на тоа место и сведочат дека истото со векови било јавно добро на сите жители и посетители на Охрид и дека тука имало плажи песочни лесно пристапни и достапни за капачите и посетителите на Охридското Езеро.

Тие за сето тоа поднесле и пријава до општина Охрид, до градежниот инспектор во општина Охрид.

Please follow and like us:
Tagged