149 години од раѓањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев

Македонија

Македонците денеска одбележуваат 149 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци:

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, гласи една од пораките на великанот.

Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви.

Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Тој бил против прераното започнување на востанието.

Убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Please follow and like us:
Tagged