Секоја мајка којашто го изгубила синот, ќе го најде во зградата на општина Струга. Во услови кога се соочува со блокирана сметка и куп долгови, градоначалникот Рамиз Мерко ја полни општината со нови вработувања, пренесува ТВ Алфа.
Заклучно со 31.12.2020-та, општината броела 213 вработени, но оваа бројка се зголеми за 14 нововработени кои добија решенија на 29 јануари. Според годишниот план за враборување за 2021-ва, до крајот на годинава треба да се вработат уште четворица, со што општината ќе брои 231 административец.
Овие вработувања го оптоваруваат оштинскиот буџет за скоро 2 милиони евра на годишно ниво, вели советникот и претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Струга, Ален Деребан.
– И покрај огромиот број на вработени, администрацијата е непродуктивна, тромава и не ефикасна. Имаме илјадници не решени предмети кои стојат во фиоки, а тоа е така затоа што сите овие вработувања не се вработуваат согласно законот за административни службеници со исполнување на критериуми за стручност, степен на образование и искуство, туку основниот услов за вработување моментално во Општина Струга е кандидатот да има членска книшка од ДУИ или СДСМ, изјави Деребан за Алфа.
Целиот текст прочитајте го ТУКА