САД распореди сајбер единица во Македонија

Македонија

САД започнаа да ги распоредуваат своите сајбер единици низ целиот свет, тие веќе се воведени на териториите на Црна Гора, Македонија и Украина. Ова го објави заменик-директорот на Националниот центар за координација за компјутерски инциденти (НКЦКИ) Николај Мурашов, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Под изговор за заштита наинфраструктурата на сојузниците, американските сајбер единици во моментов се распоредуваат низ целиот свет. Според официјалните податоци на воените оддели, американските сајбер тимови распоредиле свои специјалисти во Црна Гора, Македонија и Украина, вели тој и додава дека изјавите на претставници на САД сугерираат дека списокот на земји не е целосен.

Мурашов истакна дека кибернетските тимови на САД отворено признаваат дека овие единици имаат сили и средства за извршување компјутерски напади, кои успешно се користат во пракса против каква било информациска инфраструктура од која, според нив, произлегува закана.

Исто така, на територијата на Велика Британија беше распоредена група за борба против компјутерска измама, создадена од американската тајна служба. „Меѓу декларираните задачи се идентификување, спречување и елиминирање на последиците од компјутерски напади со цел апсење и осудување на сторителите“, рече заменик-шефот на рускиот Центар за сајбер безбедност.

Please follow and like us:
Tagged