Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Мицкоски: Со заедничко дејствување да ја поразиме актуелната власт

Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакна дека му дава полна поддршка на раководството на партијата и на претседателот Христијан Мицкоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како избрани претставници на граѓаните во Законодавниот дом, како примарна цел ја имаме работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа. Во овој контекст, пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата, за да со заедничко и координирано дејствување успееме што поскоро да ја поразиме актуелната власт, која што не е дел од решението, туку е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието, се вели во соопштението на пратеничката група.

Тие упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаме да се почитуваат надлежностите на Централниот Комитет, Извршниот Комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на било кои поединци или групи.

Please follow and like us:
Tagged