Донев: Се трошат 350 илјади евра за партиски вработувања, без срам пред очите на угостителите и дуќанџиите кои се пред клуч

Охрид

Трошењето пред локални избори на непродуктивни вработувања со партиска позадина повторно земаат замав во Охрид, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.

– И тоа не е перцепција туку факт, нови 350 илјади евра пред избори за вработувања. 200 илјади за враборувања на неопределено и 150 илјади за договори. Сето тоа без срам и пред очите на дуќанџиите, угостителите кои се пред клуч и граѓаните кои се со празни џебови во оваа тешка криза. Заради ваквите градоначалници и функционери кои поттикнуваат корупција Транспаренси не стави на најлошото 111 место во друштво на најкорумпираните држави. Ништо не е случајно и секој од надвор го гледа беззаконието и тонењето на државата, напиша Донев на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged