Фирмата на братот на Љупчо Николовски, во 2019 имала раст на профитот од 2.100 отсто

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека многу нелогичности се случуваат во борбата со корупцијата и затоа се случуваат огласи за ликовни уметници во здравство и раст на приходи од 2.100 отсто на фирма на братот на првиот човек за борба со корупцијата Љупчо Николовски.

Мицкоски истакна дека фирмата на братот на Николовски споредено годината 2018 со 2019 имала зголемување на приходите од огромни 2.100 % и кажа дека според тоа ќе се добие логичен или нелогичен одговор како се води борбата со корупцијата од првите луѓе на власта.

– Затоа сме последни во регионот, по број на вакцинирани луѓе, затоа служиме за потсмев, затоа ни се случува да сме на 111 место по нивото на корупција и криминал и уште многу нелогични работи кои што некому ќе му изгледаат логични ќе ни се случуваат, а посебно на овој би рекол министер за борба против корупција и криминал. Треба од дома да почне да се бори со корупцијата и криминалот кој што дома го има за да можеме ние како граѓани да му веруваме и да имаме доверба. Се додека тоа не е така не можеме да имаме доверба. Еве проверете медиумите, проверете ја компанијата колкав е растот на профит споредено со 2018 и 2019 година и приходите и профитот. Профитот пораснал за рекордни 2100 % и тогаш ќе го добиете одговорот што е логично, а што не е логично во оваа држава. Мораат под итно да си заминат овие луѓе неспособни и државата да ја земат во свои раце луѓе кои што знаат како за да можеме да ја доведеме онаму каде што и е местото, а не да служиме за потсмев, заврши Мицкоски.

Please follow and like us:
Tagged