Синдикатот на полицијата бара покачување на платите и исплата на додатокот

Македонија

Полицијата е повторно заборавена во мерките на владата, смета Синдикатот на полицијата. Во отворено писмо до Владата и премиерот Заев полицајците потсетуваат дека во кризата која трае цела година улогата на полицијата е една од клучните во справувањето со пандемијата.

„На самиот почеток на оваа појава искрено верувавме дека во тој момент немаше вработен, а да не веруваше дека неговиот труд во иднина ќе биде вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен. Ова вчера што го изјави премиерот Заев за жал како Синдикат мораме да констатираме дека е страмно, жално и бедно и невреднување на трудот на полициските службеници. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја создаде и секојдневно ја промовира паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Оттука ќе ве запрашаме како прв човек во Владата дали и сега откако ја заборавивте Полицијата сметате дека имаме задоволна полиција?
Затоа Синдикатот на полицијата бара итно преиспитување на одлуката на Владата за распределба на средствата од петтиот пакет-мерки и освен заслужениот додаток да добијат и покачување на платите од 20% почнувајќи од наредниот месец“, стои во соопштението од Синдикатот на полицијата.

Please follow and like us:
Tagged