Во сабота на Градскиот плоштад во Охрид, во организација на ВМРО ДПМНЕ Охрид, ќе се собираат потписи за укинување на Законот за попис.
– Заедно започнуваме со собирање граѓански потписи за фер, веродостоен и европски попис.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ве повикува од сабота, 20 февруари од 12 до 15 часот на Градскиот плоштад, согласно протоколите за КОВИД-19, да дадеме поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречиме политички мотивираниот попис во Македонија.
Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението, а не лажиран и политички каков што сака да спроведе Владата на СДСМ! Да се потпишеме за да ги спречиме политичкиот грабеж и фалсификат на Власта, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
