Ама, Министре извини вака….
Доста ни е од ПР и неславно ме потсеќа ова на карантинските пресконференции кои траеја со часови. Ниту има смисла,ниту е фер!
Во оваа пандемија сликата и состојбата и на здравството и на економијата е ваква, исклучиво заради тоа што ПР- от беше побитен од реалната и суштинската борба со Ковид-19:
1.Најголем број на мртви на милион жители во Европа и 6/7 во светот!
2.Вакцини нема, со исклучок на пакетчето од Србија исто така направен ПР настан како да слета авион со вакцини( шо е за право во соседството, а и во други држави авионите беа помпезно најавувани и пречекувани…
Ете тој е резултатот од неработата и неспособноста на оваа влада …
Ps. Што би рекол Заев, не се набавувале вакцини, за да не се набавеле повеќе од него што требало..
Монти пајтон класичен, само шо од антологиска комедија, веќе преминува и наликува на крими драма со лош завршеток!
Неспособни сте и тоа треба да си го признаете!, напиша на фејсбук пратеникот Кирил Пецаков.
