Мицкоски за т.н иницијатори: Епа Заев со здравје да си ги носиш

Македонија

Владата се ниша и е на стаклени нозе. Владата и Заев ќе падне и мора да падне! За бадијала се и гумите за спасување што му ги фрлаат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој му посака среќа на Заев со т.н иницијатори.

– Барем во изминативе месеци му ги видовме сите адути и оние скриени слуги во опозицијата. Остана верно ВМРО-ДПМНЕ на народот. Еден новинар ми вели сега сите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО-ДПМНЕ си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан, рече Мицкоски.

Please follow and like us:
Tagged