Ќе има ли одговорност од Заев и Спасовски за исчезнувањето на Мијалков?

Македонија

Ќе понесе ли некој одговорност за „исчезнувањето“ на Сашо Мијалков? Дали тоа ќе бидат Зоран Заев и Оливер Спасовски или тие повторно ќе се прават на триипол  и одговорноста за снемувањето на Мијалков нема да ја пронајдат кај себе, останува да се види, пишува Република.

Во МВР владее молк, откако и по повеќе од половина ден екс шефот на тајната полиција е недостапен за органите на прогонот. Оттаму се уште нема официјален одговор дали е пронајден Сашо Мијалков, откако вчера по него беше распишана и централна потерница.

Инаку, полицијата е на нозе од синоќа, па информациите говорат дека полициски возила се присутни пред зградата каде што живееше поранешниот прв човек на УБК, Мијалков, во скопската населба Капиштец, но и на Водно, кај хотелот Панорама, кој е во близина на новиот дом на Мијалков.

Засега се е на ниво на шпекулации кои одат во насока дека поранешниот шеф на тајната полиција е во бегство, но таа теорија засега е без потврда или демант од надлежните институции.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us:
Tagged