Излегувањето на ЛДП е удар врз СДСМ вели Заев

Македонија

Премиерот Зоран Заев за одлуката на ЛДП рече дека тоа е легитимно право, но коалицијата е повредена и тој нивниот потег го доживува како удар врз СДСМ.

– Право на ЛДП е да ги носи одлуките за нивното однесување во парламентот. Ние вчера искомунициравме преку генералниот секретар на СДСМ и кажавме дека ова што го прави ЛДП е удар врз СДСМ. Можеа да почекаат петнаесетина дена, не мораше да го прават сега. Ова го ние го чувствуваме како повредување на коалицијата, истакна Заев откако ЛДП, која има двајца пратеници, одлучи да ја напушти пратеничката група на СДСМ во Собранието и одлучија да дејствуваат сами.

Please follow and like us:
Tagged