Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Македонија

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека и другите партии ќе се двојат од коалициите, изјави за МКД.мк пратеникот Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, која партија е дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“.

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека тој и досега, и како пратеник во Собранието и преку јавните настапи, изразувал лични политички ставови и ставои на својата партија, кои не секогаш се исти со тие на СДСМ. Смета дека самостојното делување во парламентот на партиите ќе биде неминовен процес и во другата голема коалиција, таа на ВМРО-ДПМНЕ.

Самостојното делување во парламентот овозможува повеќе процедурални погодности, вели Трајанов и посочува дека во моментов пратениците се ограничени во поглед на барањето за процедурално обраќање, за барање на пауза на седниците, или пак се ограничени и во поглед на давање на реплика на говор на пратеник од коалицијата.

Лидерот на Демократскиот сојуз вели дека самостојното делување на пратениците од различни партии не мора да значи и ситнење на парламентарното мнозинство. Ваквите формални чекори, како што тоа го направи ЛДП, не мора да значат и паѓање на Влада во одреден момент, бидејќи тоа може да се случи и во услови на „цела” коалиција доколку се случат некои крупни настани.

ЛДП инаку, денеска соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

извор: Лидер

Please follow and like us:
Tagged