Фатен охриѓанец кој избегал од затвор

Охрид

Затвореник, кој во саботата избегал од Струшкиот затвор, приведен е синоќа во Охрид, соопшти СВР Охрид.

-На 21.02.2021 година во 19 часот, на плоштад „Крушевска Република“ во Охрид, приведен и од слобода е лишен 46-годишен охриѓанец. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Струга, од каде избегал на 20 февруари годинава во 23 часот, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged