Оливер Спасовски не си поднесе оставка за бегството на Мијалков, не чувствувал одговорност

Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција рече дека најкатегорично ги отфрла шпекулациите за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

– МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата, рече Спасовски, презентирајќи хронологија на настаните според него и МВР.

Додаде дека во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков.

Тој се сомнева дека постои крт, но не мора да значи дека е во неговото Министерство туку и во сите надлежни институции кои, како што вели, долги години беа под водство на „режимот“. Истрагата ќе покажела.

На прашањето дали чувствува одговорност, вели дека за да се чувствува одговорност треба да направите намерен пропуст или да не постапите во однос на насоките, но дека МВР постапило веднаш со сите расположливи средства.

– Мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целосен систем. Доколку не се среди системот во земјата и доколку имаме вакви сериозни пропусти во делот на системот, секако дека ќе имаме и нови вакви настани, рече тој.

Please follow and like us:
Tagged