Кој лаже и кому температурата му се качи над 40 степени?

Македонија

Избега или беше во изолација? Кој лаже? Не пишувам кој ја говори вистината бидејќи вистината и на обајцата им е слаба страна, го докажале тоа многу пати досега.

Заев, познат по тоа што редовно ги менува своите изјави, очекувам во скоро и за оваа своја изјава самиот да се демантира, па дури и да се чуди кога го рекол тоа, вечерва рече дека Мијалков бил во бегство, ама поради масовната потрага морал да се предаде.

Од друга страна пак, Мијалков при предавањето рече дека не бил во бегство, туку дека бил во изолација, имал температура и симтоми на корона, што го прави своевиден медицински феномен затоа што веќе еднаш беше позитивен на Ковид 19. А и чудно како изолацијата му траела само еден ден, кога на сите кои одат во изолација им се одредуваат 14 дена и како наеднаш му спаднала температурата. Како никој од семејството кое беше повикано на распит не знаеше дека бил во изолација со толку лоша состојба? Стварно чудно.

Нејсе тоа, веројатно двајцата лажат, така им напишале во сценариото, ама пак како двајцата да качат над 40 степени температура. Чудна работа. Веројатно Филипче им препишал дијагноза па брзо им поминала, та едниов со смеење и опуштено дојде во обвинителство да ја подигне судската одлука, а треба во суд (веројатно се’ уште збунет од температурата), а другиов да излезе на прес и да го прикажува како успех, тоа што претходно го договориле.

И како бе доаѓа во обвинителство така слободно, па нели акција голема била, полиција го барала на секој чекор, цела ангажирана полиција не успева да го приведе, иако постои потерница, а таму случајно го пречекуваат провладината ТВ 24 и новинарот чија сопруга е во врвот на раководството на СДСМ. Не верувам дека е чиста случајност, а уште помалку не верувам дека е случајно тоа што Заев објавува статус на Фејсбук нецела минута после објавата на телевизијата.

Но верувам дека ќе го пуштат утре на прес Костадинов, да рече дека Мицкоски е крив што Мијалков и Заев не биле усогласени во изјавите и тоа што качиле температура над 40 степени. Се е можно со оваа власт.

П.С. Да не’ се надеваат дека ќе добијат Златен Оскар, со вака лошо сценарио може да добијат само Златна Малина.

Please follow and like us:
Tagged