(ФОТО) Попис ќе прават или членство ќе ажурираат?

Охрид

Законот за попис уште од самото донесување го пратат контроверзии. Опозицијата обвинува дека со вака донесен закон нема да добиеме статистичка операција, туку политичка. Тие дури и деновиве собираат потписи за укинување на Законот за попис.

Дополнителна дамка фрла и тоа што денеска на официјалната Фејсбук страна на ОО СДСМ Охрид беше објавен јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори.

Дали ова е уште еден доказ дека партијата не е одвоена од државата и дали ова значи дека попишувачите и инструкторите ќе бидат само од оваа партија?

Неколку часа по објавата, откако беше жестоко критикувана од многумина, истата беше избришана од страна на администраторите.

Please follow and like us:
Tagged