Мицкоски: Мијалков го пуштиле да си замине до Белград, па потоа под притисок на јавноста Заев прави договор да се врати назад, тој е директен соучесник

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за целиот случај поврзан со Сашо Мијалков, при што посочи дека власта го пуштила Мијалков да избега во Белград и потоа под притисок на власта Мијалков се враќа во Македонија. Тоа е дел од овој театар, од овој циркус кој што ние го нарековме и срам кој што го нанесе Зоран Заев и Спасовски на Македонија и на граѓаните, рече Мицкоски.

Според него, ако граѓаните претходно немаат доверба во политиката сега после овој театар уште повеќе ќе немаат.

Луѓе кои го познаваат Мијалков и се негови блиски пријатели сега веќе на големо зборуваат дека во последните недели, да не речам месеци единствено со кој што комуницирал и со кој што имал би рекол непосредна комуникација и огромна доверба биле Зоран и Вице Заеви. Ова се кредибилни извори кои што велат дека довербата била на тоа ниво да практично никој друг не слушал освен тоа што ќе го кажеле Зоран и Вице Заеви бидејќи тие му ветиле нему дека нема да се случи тоа што денеска се случи. Но очигледно дека притисок бил преголем во даден момент и врз Зоран Заев и тој морал да ги примени тие методи кои јавно ги кажа на прес конференција. Нашите информации се дека дека Мијалков стигнал до Белград се враќа назад и потоа следи оној циркус со тоа дека вие господине Мијалков сте во Македонија и така натаму, кажа Мицкоски, и посочи дека тој е згрозен од целата оваа ситуација која се случува.

Please follow and like us:
Tagged