25 годишник тешко повреден откако паднал од мопед

Охрид

На 28.02.2021 во 13.30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на крстосница помеѓу улиците „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ во Охрид, во која, Р.Р.(25) од селото Врбјани, општина Дебарца, управувајќи мопед „Априлија“, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, истакна Димоски.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged