Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредени три лица

Охрид

На 28.02.2021 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебарца, патничко возило „шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(78) од Струга, изгубило контрола и излетало од патот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.М.(63) од струшкото село Лабуништа и Д.Ф.(24) од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додаде Димоски.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged