Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Шутка

Македонија

Директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, изјави дека притворениот Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор – Скопје до правосилноста на пресудата, а каде ќе ја издржува затворската казна зависи од судијата за извршување санкции.

– Апсолутно ве уверувам дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица. Изготвен е безбедносен план, конкретно за Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, истакна Спасовски.

Please follow and like us:
Tagged