Кратериве се многу убави, УНЕСКО да ги заштити како културно наследство затоа што никој не ги санира неколку години

Охрид

Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, сликано од сателит… 🥳
Ова “чудо” на природата е на главниот (и единствен) магистрален пат Охрид – Св. Наум, на 200 метри пред влезот на Пештани, реагира на Фејсбук познатиот музичар Горан Папаз за катастрофалната состојба во која се наоѓа патот.

– Кратериве се многу убави, искуството е неверојатно, па го замолувам UNESCO да ги заштити како културно наследство затоа што никој не ги санира неколку години.
Општина Охрид и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид ве повикувам да ги разгледате овие природни богатства и да ги вметнете во туристичката понуда на градот на светлината, Охрид.
Искрено и тотално небитен за вас,
Јас., пишува Папаз.

фејсбук статус на Горан Папаз

Please follow and like us:
Tagged