Потврдено: „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет во Македонија

Македонија

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“.

Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според порталот, интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Македонија, но и од Косово.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged