Анкета: Половина од граѓаните би се вакцинирале, 34 проценти не, а 16 отсто се уште се двоумат

Македонија

Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка спроведе анкета, според која половина од анкетираните граѓани изјавиле дека би се вакцинирале, а 16 отсто се уште се двоумат.

На прашањето „Дали би се вакцинирале“, 50 отсто одговориле со „да“, 34 проценти со „не“, а „не знам“ одговориле 16 проценти од испитаниците.

Триесет и девет проценти одговориле дека би се вакцинирале со „Фајзер“, со „Спутник“ 21 отсто, со кинеската „Синофарм“ шест отсто, со „Модерна“ пет отсто, додека со „Астра зенека“ три проценти од граѓаните.

„Не знам“ со која вакцина одговориле 27 проценти од анкетираните граѓани.

Од друга страна граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со актуелната криза.

Извор: Лидер

Фото: архива

Please follow and like us:
Tagged