Министер во Канада поднесе оставка затоа што бил на одмор сред пандемија – Николовски и Рашковски немаат намера

Македонија

Министерот за финансии на Онтарио, Род Филипс, си поднесе оставка по враќањето од одмор на Карибите пред неколку месеци. За разлика од него Рашковски и Николовски кои отидоа на одмор во ек на пандемија на егзотични локации, немаат намера да дадат оставка.

Настанот се случил претходниот декември кога Род Филипс, министерот за финансии си поднесе оставка заради неговото патување. Тој патувањето го нарече „глупава грешка“ откако пристигна на аеродромот во Торонто, а и се извини на граѓаните што среде пандемија решил да отиде на Карибите додека граѓаните ги почитувале мерките од Ковид-19.

За ова реагираше целиот канадски државен врв. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ја објави оставката на министерот за финансии кој за време на пандемија отиде на одмор на Карибите додека канадската провинција беше под карантин.

Кај нас во екот на пандемијата, додека на ден има по повеќе од 1000 нови случаи од корона Драги Рашковски и Љупчо Николовски, не само што не се извинија туку не ни помислуваат за оставки. Реакција нема ни од државниот врв.

Please follow and like us:
Tagged