Даниловски: Пикот на третиот бран може да се очекува за две недели, потребно е викенд карантин

Македонија

Пикот на третиот бран може да се очекува за две недели, на средина од месецов, или кон крајот на април, вели за Канал 5 Проф. Д-р Драган Даниловски.

Тој останува на ставот дека потребно е да се воведува викенд карантин со цел да се намали бројот на заболени на дневно ниво, ама клучно, за да се намали бројот на починати.

Според Даниловски, високата стапка на смртност се должи на два фактора, лошото општо здравје на граѓаните, но и на антибиотиците препишани од лекарите дури и кога за истиот нема потреба.

Извор: Лидер

Please follow and like us:
Tagged