Уапсен жител на Мешеишта поради сомнение дека запалил два автомобили на вработени во Шумска полиција Охрид

Охрид

На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради сомнение дека околу 00.05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебрца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged