Владата потврди: Од утре полициски час од 20 часот, клуч за кафаните, обложувалниците, фитнес клубовите

Охрид

Владата го усвои предлогот за нови рестриктивни мерки, за спречување на ширење на коронавирусот.

Премиерот Зоран Заев истакна дека на денешната владина седница се донесени дополнители мерки против Ковид-19, бидејќи податоците покажале дека британскиот сој во земјава зема замав.

-Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки. Бројот на новозараени расте. Бројот на починати расте. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога треба да ги пресретниме новите влошувања, рече Заев.

Тој ги наброја новите мерки.

-Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наутро, почнувајќи од утре до 20 април. Целосна забрана за посетителе на сите угостителски објекти, а продажбата на храна да се одвива со нарачки до дома или надвор од угоститилескиот објект почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителските објекти на аеродромите, но и оние во мотелите. Целосна забрана за посетители во обложувалниците. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите, работилници, рече Заев.

Тој апелираше до граѓаните да останат дома, доколу немаат причина да излегуваат и да не се групираат.

Мерките почнуваат да важат од 6 и 7 Април и ќе траат до 20 Април.

Please follow and like us:
Tagged