Заев до граѓаните: Во наредните две недели седете дома и не излегувајте!

Македонија

Премиерот Зоран Заев, денеска на Фејсбук, упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

“Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти коишто ги правиме со други луѓе.

Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје коешто е обврска на секој од нас.

Повикувам на максимална одговорност од сите. Седете дома во наредниот период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте!”, напиша Заев на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged