Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, ја немаме Турција и на северната граница, односно и во Македонија

Македонија

Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цели“.

-Зошто сум горд? Бидејќи знам дека земјата ја нема Турција и на северната граница. Неколку месеци подоцна се покажа дека Турција не е само на исток, туку и на југ, во Либија. Ќе беше и на нашата северна граница, ќе беше и во земјата која денес е пријателска кон Грција, а грчките вооружени сили го надгледуваат нејзиниот воздушен простор, односно Турција ќе беше и во Македонија, истакна Ципрас.

Во синоќешното интервју тој ги спомена и трите меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а речиси седум месеци чекаат да бидат ратификувани во Парламентот, повторувајќи ја неговата позиција дека секој позитивен глас од 158-те пратениците на Нова демократија, ќе биде и едно извинување за нивниот став додека беа во опозиција.

Извор: Република

Please follow and like us:
Tagged