Почина човекот од Кратово кој екипа на Брза помош со часови го носеше на носилка

Македонија

Утринава во штипската болница починал 63-годишниот овчар, кој една седмица беше во кома по претрпен мозочен удар, а за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Од болницата потврдија дека сточарот починал изутрината во седум часот.

– Пацинетот беше неколку дена во коматозна состојба, без можност за хируршка интервенција, изјави Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница во Штип.

За случајот јавноста дозна откако д-р Павле Зафиров, од Здравствениот дом во Кратово, на својот Фејсбук профил револтиран од неажурноста на институциите, детално го опиша спасувањето, а кога се обратиле за помош до институциите, никој не им помогнал иако тоа е нивна должност.

Јавноста беше згрозена од немањето одговор на институциите, по што вчера на прес конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека ќе формира комисија да го испита случајот.

Please follow and like us: