Двајца охриѓани фатени на патот Охрид – Струга за време на полицискиот час

Охрид

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.П(31) и Л.У.(30), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

-При контрола извршена на 13.03.2021 година во 03.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници ги затекнале пријавените во такси патничко возило без да поседуваат дозвола за движење во време на полициски час. Со тоа, пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22 до 05 часот со цел заштита на населението од КОВИД- 19, посочи Димоски.

Please follow and like us:
Tagged